I think most believers will feel that God can and has been shown to exist, at least to their satisfaction. Кјеркегор кој не е кул: IV Бегството се соочува со смрт

26.12.05

IV Бегството се соочува со смрт

Колку и да бил 19-иот век успешен во потиснување на трагичното, има една вистина која не може да се задуши, има еден факт кој останува надвор од времето: тоа е смртта. Тоа е еден факт кој не може да се генерализира, туку останува единствен, апсолутно посебен и неповторлив, вистина која не може да се социјализира туку останува во личноста. Деветнаесеттиот век ги направил сите обиди да од смртта го истргне нејзиниот индивидуален, неповторлив и квалитативен карактер. Тој ја направил смртта инцидент во животните статистики, мерлив квантитативно, предвидлив според актуарски закони на веројатноста. Се обидел да ја заобиколи организирајќи ги однапред нејзините „консеквенци“. Животното осигурување е можеби најзначајната институција на метафизиката на 19-иот век; нејзината основна поставка - „да го рашири ризикот“ ја покажува најјасно природата на обидот да смртта се гледа како инцидент во човековиот живот, а не негов крај. И токму 19-иот век го измисли спиритуализмот – обид да се контролира животот по смртта преку механички средства.

Сепак, смртта истрајува. Општеството може да од смртта направи табу, општеството може да положи како правило дека е неучтиво за смртта да се зборува, може да воведе кремација наместо оние ужасни јавни погреби, може гробарите да ги преименува во јавни службеници мортиционисти [7]. Учениот професор Хекел може да сугерира дека науката е на праг да нé направи да живееме вечно; но досега не испадна баш нешто oд тоа ветување. И сé додека смртта опстојува, поединецот останува со еден пол на својата егзистенција вон општеството и вон времето. Учениот професор Хекел може да сугерира дека науката е на праг да нé направи да живееме вечно; но досега не испадна баш нешто oд тоа ветување. И сé додека смртта опстојува, поединецот останува со еден пол на својата егзистенција вон општеството и вон времето.

Сé додека смртта истрајува, оптимистичното гледање на животот, верувањето дека вечноста може да се дофати низ време, и дека поединецот може да се исполни себеси во општеството, мора да има само еден исход – очај. Секој порано или подоцна се наоѓа себеси соочен со смртта; и на таа точка тој е сосема сам. Ако неговата егзистенција е чисто во општеството, тој е изгубен - бидејќи сега неговата позиција станува безначајна. Кјеркегор го дијагнозирал и дефинирал овој феномен и го нарекол „очај на немање желба да се биде индивидуален“. Површински, индивидуата може да се опорави од оваа средба со проблемот на постоење во вечноста; тој може и да го заборави на некое време. Но не може да ја поврати својата доверба во својата егзистенција во општеството. Во основа, тој останува во очај.

Општеството мора да направи возможно да човек умре без очај ако сака да тој биде спремен да живее само во општествотото. И тоа може да го направи на само еден начин - правејќи го индивидуалниот живот безначаен. Ако вие не сте ништо друго до лист на дрвото на човечкиот вид, клетка во телото на општеството, тогаш вашата смрт и не е вистински смрт; поточно би било да ја наречете ’процес на колективна регенерација’. Но јасно, тогаш и вашиот живот не е прав живот; туку само функционален процес во рамки на животот како целина, лишен од секое значење освен преку поимите на целината. Така што, како што Кјеркегор предвиде пред 150 години, оптимизам кој ја прокламира човечката егзистенција како егзистенција во општество - води право кон очај. И овој очај може да води само кон тоталитаризам. Бидејќи тоталитаризмот – и тоа е цртата поради која тој воочливо се разликува од тираниите пред него – е базиран на истакнување на безначајноста на животот и на не-егзистенција на личноста. Оттаму, нагласокот во тоталитарните верувања не е на тоа како да се живее, туку како да се умре; за да смртта се направи поднослива, поединечниот живот мора да се направи безвреден и безначаен. Оптимистичното верување, кое започна преку гледиште дека животот во овој свет значи сé, одведе право до фашистичкото славење на само-жртвата како единствен чин во кој човек може да не-бесмислено постои. Очајот станува суштина на животот сам.